Конечно во продажба е пуштен флексибилниот телевизор од јужнокорејската компанија LG.
Станува збор за таканаречен OLED R екран со дијагонала од 65 инчи.
Овој телевизор е целосно флексибилен и може буквално како ролна да се повлече целосно во своето куќиште кое наликува на комода.
За сега е во продажба во само седум продавници во Јужна Кореја, а LG тврди дека станува збор за прв ваков уред, пренесе порталот The Verge.
Цената изнесува 87.000 долари, односно околу 73.400 евра.
Фото: Twitter