Temasek и Kuehne + Nagel заеднички вложуваат во технологија за логистички решенија

19

kuehne-nagel

Фото: Kuehne + Nagel

Инвестициската компанија Temasek, со седиште во Сингапур, и водечката логистичка компанија Kuehne + Nagel, потпишаа Меморандум за разбирање со цел заедничко инвестирање во рана фаза на стартапи што развиваат технологија за логистика, стои во соопштението.

Јер Воле, претседател на Kuehne + Nagel International AG изјави: “Ова заедничко вложување ќе ја забрза трансформацијата на индустријата за логистика. Соработката ја комбинира фокусираноста и долгорочната ориентација кон инвестиции и експертиза на Temasek, со глобалната логистичка мрежа на Kuehne + Nagel и нашето Know – how, создавајќи ситуација што носи бенефити за сите страни. За Kuehne + Nagel тоа е уште еден важен чекор кон употреба на нашиот пристап за дигитализација и обликување на иднината на нашата индустрија“.

Заедничката инвестиција е насочена кон инвестиции во стартапи што се наоѓаат во рана фаза на развој, а кои развиваат технологии и услуги со потенцијал да ги трансформираат традиционалните бизнис логистички модели, да ја подобрат ефикасноста и да обезбедат подобра понуда за потрошувачите. Соработката ќе се фокусира на анализа и база на податоци, вештачка интелигенција, block chain и роботика.

Танг Чонг Лин, претседател и раководител на Temasek за Европа и Југоисточна Азија изјави: “Можностите презентирани од растот на технологијата и нејзината примена во сите сектори станува сè поголем фокус за Temasek. Задоволни сме што го споделуваме ова заедничко вложување со Kuehne + Nagel и верувам дека соработката ќе ни овозможи понатамошно идентификување и поддршка на компаниите во оваа специфична индустрија“.