Temp Traq ја мери температурата на децата и испраќа податоци на мобилен телефон

24

temptraq

Компанијата Blue Spar Technologies им помага на родителите да имаат увид на телесната температура на нивното дете на едноставен начин. Сè што треба да направат загрижените родители е да ја постават самолепливата трака под раката на нивното детенце, која преку Bluetooth врска ги пренесува потребните информации на нивниот или на мобилниот телефон на некој близок што се грижи за детето.

Апликацијата, освен што ги зачувува сите претходни податоци, може да ги потсетува родителите за давање храна, течности или лекови.

Компанијата работи на патентирање на овој иновативен производ, што сè уште не може да се најде во продажба.