Tempescope – уред што визуелно покажува какво време нè очекува

44

tempescope

Tempescope е уште од низата иновативни уреди што може да најдат своја примена во секој дом. Станува збор за уред што на корисникот му покажува какво време го очекува во следните неколку часа и тоа на визуелен начин.

Tempescope3

Tempescope ги презема информациите за временската прогноза од интернет, потоа со помош на создавање магла, дожд или сонце прикажува какво ќе биде времето.

tempescope 2

Зад дизајнот на Tempescope стои Кен Кавамото, кој во 2012 гдина го создаде првиот прототип на овој уред со помош на шише од шампон, којшто набрзо привлече големо внимание.