Tencent го надмина Facebook

16

tencent

Фото: Tencent

Кинескиот технолошки гигант Tencent достигна пазарна вредност од 534 милијарди долари со што го надмина глобално познатиот Facebook. Компанија којашто е помалку позната надвор од Кина на домашниот пазар е позната по апликацијата за бесплатни повици и праќање на мултимедијални содржини WeChat, којашто исто така бележи значителен раст како платформа за плаќање, пишува Cnbc.

Tencent, чиј бизнис опфаќа социјални мрежи и видеоигри, сега е една од петте највредни компании на глобално ниво, а исто така инвестира и значителни средства во индиската платформа за превоз Ola.

Компанијата ја надмина и Alibaba и стана прва кинеска технолошка компанија што обележи пазарна капитализација во вредност од над 500 милијарди долари.

Акциите на берзата во Хонг Конг годинава двојно ја зголемија својата вредност.