Тендер за македонско вино во Шведска

48

Монополот за продажба на алкохолни пијалоци во Шведска Системболагет објави тендер за набавка на македонско црвено вино од сортата Вранец, информираат од Агенцијата за странски инвестиции.

“Оваа објава за набавка на црвено македонско вино значи сигурен пласман на 24.000 шишиња / 18.000 литри на македонски вранец. Виното ќе се продава во 130 продавници на Системболагет во период од шест месеци почнувајќи од 15 септември 2015 година. На овој тендер ќе учествуваат поголем дел македонските винарии преку шведски увозници кои по одржаните состаноци со нашиот економски промотер за Шведска Мирјана Наумоска изразија интерес за застапување на нашето вино на нивниот пазар“, стои во соопштението на Агенцијата.

За да се одржи позицијата “на рафт“ потребна е успешна продажба во првите три месеци со цел и понатаму да го има виното, во спротивно ќе почне да се продава на листата за нарачки и нема да може да се купи во секој момент во продавниците на монополот.