Теодора Трпоска прва средношколка која дизајнираше ПП презентација за бизнис секторот

93

teodora

Ден по одржувањето на Microsoft Office Specialist натпреварот, започна натпреварувањето на дел од финалистите на овој натпревар за изработка на Power point – презентација како дел од корпоративниот идентитет на Инбох.

Финалистите имаа можност да го покажат своето знаење и вештини во користење на Power Point алатките, со цел да создадат креативно решение како темплејт – презентација која во иднина Инбох ќе ја користи како дел од својот корпоративен идентитет.

Комисијата, во состав од неколку члена од менаџерскиот тим на Инбох, како победник на овој натпревар ја одбра младата Теодора Трпоска од СУГС Јосип Броз Тито – Скопје, на која ѝ беше доделена награда од 10.000 денари.

Во просториите на Инбох победничката ја претстави својата Power Point – презентација пред менаџерскиот тим и покажа дека можноста да се создаде креативна форма на Power Point – презентација за голема компанија е огромен предизвик и задоволство.

“Им благодарам на Инбох за ова прекрасно искуство. Огромна чест е што токму мојата презентација е одбрана покрај презентациите на останатите подеднакво талентирани и креативни финалисти на МОС натпреварот”, изјави Теодора Трпоска.

Инбох продолжува понатаму со својата мисија за поддршка на најмладите во Македонија во сите сфери.