Термин.мк со нова бесплатна услуга наменета за деловните корисници

21

terminmk-deloven-nastan

Termin.mk, иновативната интернет алатка за брза и ефикасна проверка и резервација на слободни термини продолжува со новите предизвици, воведувајќи нова бесплатна услуга, овој пат наменета за деловните корисници. Покрај досегашните области за Свадба, Игротека и Спорт, започнувајќи од април 2015 година, тимот на Termin.mk воведе и нов дел за онлајн проверка на слободни термини во локации кои организираат деловни настани.

Ако немате идеа каде да го организирате Вашиот следен деловен настан, не можете да дојдете до посакуваниот термин во локациите за деловни настани или пак сакате една поинаква и оригинална конференција, конгрес или семинар, Termin.mk нуди избор и решение. Новата област обезбедува организиран преглед до слободните термини во конференциските сали на хотелите, event просторите, конгресните центри, амфитеатрите, семинарските сали, рестораните и останатите локации низ цела Македонија кои организираат деловни настани.

Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на корисниците им се на располагање и други корисни податоци за локациите како слики од локациите, форми на уредување на салите, капацитет за сместување, капацитет за деловен настан, цена, местоположба, дополнителна опрема.

terminmk-delovni-nastani-vo-makedonija

Како функционира Термин – Деловен настан: Одберате град во кој сакате да го организирате Вашиот следен деловен настан; Одберате дали станува збор за еднодневен или повеќедневен настан; Го одбирате терминот (конкретна дата или периодот од неколку дена) за кој Ви е потребен простор; Ги добивате локациите со бараните расположливи слободни термини; Откако ќе го најдете соодветниот слободен термин во посакуваната локација и простор – преку уредна форма на Termin.mk испраќате барање за терминот директно до самата локација; Локацијата во најбрз можен рок одговара на Вашето испратено барање (рокот не е подолг од 24 часа).

Во моментот, понудата се состои од дваесеттина локации и тимот на Termin.mk активно работи на збогатување на истата со цел корисниците да го имаа изборот на најквалитетни локации за организирање на деловни настани во Македонија. Дополнително по принципот “сè на едно место” наскоро на располагање Termin.mk ќе понуди и листа на субјекти кои нудат услуги поврзани со организирање на деловни настани како обезбедување техничка опрема, осветлување, преведувачи, кетеринг, рента – а  -кар агенции и останато.