Terrafugia – аеромобил со совршени перформанси

50

evo7

Штефан Клајн, дизајнер од Словачка дизајнираше аеромобил, комбинација на автомобил и авион, за кој многумина велат дека е многу подобар од неговиот американски конкурент.

Aeromobil Version 2.5, Terrafugia, на копно достигнува брзина од 160 километри на час, а во воздух 200. Клајн работеше на прототипот цели 20 години и токму затоа тој тежи само 450 килограми, благодарение на специјалната челична конструкција и панели од јагледродни влакна.

Аеромобилот го движи Rotax 912, мотор со водено ладење и јачина од 100 коњски сили, кој се наоѓа зад двете седишта.

article-2487058-192E9C1000000578-951_634x355

Кога се користи како автомобил крилата се склопени внатре во трупот, опашката е придвижена од мали тркала и тогаш достигнува брзина од 160 км на час при што троши 8 литри гориво. Возилото има два управувачи поставени еден во друг, поголемиот служи за управување на копно, а малиот за управување во воздух. Кога аеромобилот ќе слета на аеродром, возач-пилотот притиска копче за да се отворат крилата чии распон е 8,2 метри.

article-2487058-192E9C8200000578-989_634x421

За полетување потребно му е забрзување од  130 км на час, за да може да ја достигне максималната брзина од 200 км на час.

Клајн тврди дека аеромобилот може да се паркира на обично паркинг место, и дека се полни со гориво од бензиска пумпа како и останатите автомобили, што значи дека не му е потребен керозин како на другите летала.

Овој прототип треба да ги убеди инвеститорите дека концептот на Клајн може да се изведе, а доколку се потпише договор за сериско производство, ќе бидат потребни уште две години за да се комплетира целата потребна документација.