Tesco го купува британски Booker Group за околу 4,3 милијарди евра

24

tesco

Британскиот трговски ланец Tesco постигна договор за купување на Booker Group, компанија од Велика Британија што се занимава со трговија на големо, за околу 4,3 милијарди евра, пишува BBC.

“Секаде каде што храната се подготвува и се јаде, во домот или надвор од него, ние ќе понудиме голем избор и најдобра достапна услуга“, вели Дејв Луис, главен извршен директор на Tesco.

Со комбинирањето на овие две компании, како што се наведува во официјалното соопштение, ќе се овозможат бенефити за потрошувачите, независните трговци на мали, угостителите, малите бизниси, добавувачите, а голема вредност ќе имаат и акционерите.

Booker се занимава со трговија на храна на големо на супермаркети, продавници, барови и ресторани.