Тешко им оди на солунските трговци

22

Истражувањето на Стопанската комора на Солун покажала дека профитот на продавниците и трговците во Солун паднал за 35% во споредба со 2011 за време на последните попусти. Ни годинешните попусти не им донеле оддишка на солунските трговци. Од трговците опфатени во истражувањето, оние 10% кои не изјавиле дека се разочарани објасниле дека во никој случај не се задоволни од резултатите, само очекувале работите да бидат уште полоши отколку што се покажало во пракса. Според истражувањето, 91% изјавиле дека профитот им опаднал во споредба со лани, 7% од нив имале сличен профит со ланскиот, додека пак само 1% од трговците виделе покачување на профитот од попустите во јули и август. Трговците забележале дека од година во година иако кон попустите пристапуваат со големи очекувања, на крај завршуваат со големо разочарување. Профитот од летните попусти е во постојан пад. Лани профитот од летните попусти бил опаднат за 30% од 2010, а пад имало и во 2010 во споредба со 2009.

Истражувањето покажало дека 90% од трговците се разочарани од резултатите од попустите. Константно опаѓачкиот профит предизвикува стрес и несигурност за иднината и одржливоста во живот на бизнисот. Трговците стравуваат за нивната иднина и зголемувањето на бројот на затворени продавници поради кризата. Само шест отсто од трговците кои имаат продавници во строгиот центар на Солун, односно на познатите шопинг-зони на Тсимиски и Митрополеос, истакнале дека се задоволни од профитот што го оствариле во јули и август. Најмногу посети од потрошувачите во бутиците, а со тоа и подобар профит имало во првите две недели од попустите. Повеќе од 50% од трговците истакнале дека посетите од туристите во Солун им помогнале на порастот на профитот.

Стопанската комора од Солун предупреди дека септември ќе биде од големо значење за опстанувањето во живот на бутиците и малите трговски бизниси.