Tesla Cybertruck има 856 КС, опсег од 547 километри и луди перформанси

30

Tesla Cybertruck ќе има импресивни перформанси, но ќе има далеку повисока цена од она што се најавуваше во 2019 година

На специјално организиран настан во гигафабриката во Остин, Тексас, Tesla им ги испорача првите Cybertruck модели на клиентите. Производителот на автомобили откри дека сериската верзија на долгоочекуваниот и одложуван, целосно електричен пикап ќе може да влече тежина од 4.990 кг и да забрза до „стотка“ за само 2,7 секунди во својата најмоќна форма.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, ги претстави првите пикапи на новите сопственици по кратка презентација, објаснувајќи ги неговите можности. Покрај неговите импресивни способности за влечење, Маск рече дека камионот ќе може да носи 1.134 килограми во неговиот композитен кревет долг 6 метри и широк четири метри.

Моќност и перформанси

Без оптоварување, најмоќната верзија на камионот би требало да може да избие до 100 км/ч за само 2,7 секунди и ќе може да помине четвртина милја за помалку од 11 секунди. Тоа е благодарение на вртежниот момент. Кога станува збор за моќноста, истата изнесува 856 КС, благодарение на опционалниот тримоторен погон во опремата „Cyberbeast“. По ова следува All-Wheel Drive верзијата со два електромотори кои генерираат 608 КС. Cybertruck со еден мотор нема да пристигне до 2025 година, а барем засега, оценките за моќност не се достапни.

Tesla додава дека камионот ќе биде способен да прикаже одлични перформанси и надвор од патиштата, каде што неговите 35-инчни гуми за сите терени и воздушната суспензија со четири агли ќе му дадат 17-инчи растојание од подлогата.

Отпорен на камења и куршуми

На настанот за испорака, Маск побара од дизајнерот Франц фон Холцхаузен да фрли бејзбол топче на страничниот прозорец, за да докаже дека може да го издржи шокот (што не го издржа за време на првичното откривање, во 2019 година).

Покрај тоа што ги нарече прозорците „суштински отпорни на удари“, за кои рече дека имаат странична придобивка што им овозможуваат на сопствениците тивко возење, тој на публиката и кажа дека телото е отпорно на куршуми. За да го докаже тоа, тој прикажа видео на кое се пука со огнено оружје кон пикапот.

Маск, исто така, откри дека „егзоскелетното тело исто така му дава на камионот поголема торзиона ригидност од McLaren P1“, а исто така има коефициент на отпор од 0,335, што е приближно на исто ниво со Subaru Forester од 2018 година. За споредба, Tesla Model S има коефициент од 0,24, така што не е зачудувачки аеродинамичен.

Одличен опсег

Можеби, делумно, поради тоа недоволно Cd, Cybertruck ќе има проценет опсег до 547 километри. Иако тоа е многу, сепак е помалку од над 500 милји (805 километри) што ги вети Tesla во 2019 година. Барем ќе може да надополни до 219 километри опсег по само 15 минути со суперполнач.

Оваа бројка е само за варијанта со најголем опсег „All-Wheel Drive“. Моделот „Rear-Wheel Drive“, кој ќе стане достапен во 2025 година, има автономија од само 402 километри и ќе бидат потребни 6,6 секунди за да достигне до 100 км/ч. Конечно, „Cyberbeast“ ќе може да помине 515 километри, нешто помалку од AWD моделот, но со далеку подобри перформанси и ќе има максимална брзина од 209 км/ч, наспроти максималната брзина од 180 км/ч на другите модели.

Сепак, продолжувачите на опсегот на All-Wheel Drive и Cyberbeast моделите ветуваат дека ќе испорачаат 756 километри и 708 километри возење, тврди производителот. Се уште не е разјаснето како конкретно ќе функционира опцијата.

Производство и цена

Додека бројките на опсегот се нешто помали од очекуваното, цените се поголеми. Тесла вети влезна точка од 40.000 долари во 2019 година, но сега вели дека верзијата RWD ќе започне од 60.990 долари. Моделот AWD започнува од 79.990 долари, а Cyberbeast добива цена од 99.990 долари.

Компанијата вели дека тешкотиите во производството значат дека ќе биде потребно до 2025 година пред да започне целосното производство.

Повеќе информации за Tesla Cybertruck ќе пристигнат во следните месеци. Се очекува производството да се засили следната година.

Преземено од Avtoplus.mk