Tesla ги намали цените за своите електрични возила Model Y и Model 3 во САД по шести пат од почетокот на годината.
Tesla ги намали цените на Model Y за 3.000 долари и на Model 3 за 2.000 долари, а нивната цена на американскиот пазар сега е под 40.000 долари по парче, објави Ројтерс.
Компанијата предводена од Илон Маск ги намали цените во САД за Model 3 за 11 отсто оваа година и Model I за дури 20 отсто.
Компанијата, исто така, неодамна ги намали цените во Европа, Израел и Сингапур, како и во Јапонија, Австралија и Јужна Кореја, продолжувајќи ја кампањата за попуст што ја започна во Кина во јануари за да ја зголеми побарувачката.
Претходно овој месец, Tesla објави квартален раст на испораката од четири отсто во првиот квартал, што е многу помалку од 17,8 отсто во четвртиот квартал од минатата година.