Тесла ги “скара“ српската и хрватската народна банка

25

Народната банка на Србија (НБС) оцени дека ставањето на ликот на Никола Тесла на националната кованица на еврото, доколку Хрватска стане земја членка на еврозоната, би претставувале “присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ“.

Тој став во националната банка на Србија се темели на оценката дека “познатиот научни се декларирал како Србин по потекло и раѓање“, а ако неговиот лик се најде на хрватската кованица “сосема сигурно би се презеле соодветни активности пред надлежните институции во Европската унија“.

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ најави дека ликот на Никола Тесла ќе најде на монетите од 50, 20 и 10 центи кога Хрватска ќе стане членка на еврозоната.

Монетите во еврозоната имаат една заедничка европска страна, што е иста за сите и друга национална страна, што се разликува од земја до земја и на себе ги има ознаките на земјите членки на ЕУ.

За националниот дизајн на монетите одлучуваат земјите членки на ЕУ што го воведуваат еврото и може да се промени дури по 15 години, освен во услови кога ќе се појави проблем со фалсификување, кога дизајнот може да се промени.

Комисијата за пари на Хрватската народна банка ги утврди конечните предлог мотиви за националната страна на монетата, а во којашто влегува шаховницата, географската карта на Хратска, куната, глаголицата и ликот на Никола Тесла.

Фото: Pixabay