Tesla го назначи основачот на Oracle за член на Одборот на директори

25

Лери Елисон, еден од основачот на Oracle стана нов член на Одборот на директори на Tesla, пишува BBC.

Потегот уште повеќе ќе го зацврсти Одборот којшто Комисијата за хратии од вредност го побара од основачот Илон Маск, по изречената казна во врска со неговата најава за приватизација на Tesla.

Илон Маск и понатаму останува главен извршен директор иако во октомври се согласи да се повлече од оваа позиција.

Лери Елисон е еден од основачите и претседател на Oraclе, којашто е трета најголема компанија за софтвер, веднаш зад Microsoft и сопственикот на Google, Alphabet.

Тој веќе поседува три милиони акции во Tesla и е близок пријател на Илон Маск.

Фото: Facebook