Теsla го отвора првиот продажен салон во Хрватска

77

Тесла го отвора својот прв продажен салон во Загреб. Откако Tesla Motors во ноември минатата година ја отвори својата прва pop-up продавница, односно изложбен салон, во трговскиот центар Avenue Mall, сега ќе го отвори својот прв продажен салон во Загрепчанка.

 

Американската компанија досега нема објавено никакви информации за тоа.

Меѓутоа, во салонскиот простор во склоп на некогаш највисокиот облакодер во Загреб, работата е во полн ек, а на локацијата има две нови станици за полнење на Теsla и неговиот постер.