Tesla го отвори првиот салон во Загреб, еве колку чини најевтиниот модел

484

Електричните автомобили на Илон Маск може да се купат во Хрватска. Тesla Motors го отвори својот прв салон во петокот во загрепскиот трговски центар Avenue Mall.

Засега ги нуди моделите Tesla Model 3, X и S, а најповолен е Tesla Model 3 со почетна цена од 43.000. Најлуксузниот модел Ѕ има цена од скоро 140.000 евра.

Иако продажниот центар во Загреб требаше да биде отворен во првиот квартал оваа година, пандемијата ги успори плановите. Пред два месеца, Tesla објави и огласи за работа.

Фото: Facebook