ТТК Банка АД Скопје успешно ја реализираше четвртата емисија на корпоративни обврзници

На ден 01.10.2026 година, ТТК Банка АД Скопје ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје четвртата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница, и тоа 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 ЕУР и вкупна номинална вредност од 1.500.000 ЕУР (односно 92.329.643,00 денари).
Правата од долгорочните  должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница четврта емисија настануваат на ден 01.10.2026 година, по извршениот упис на хартиите од вредност на сметките на запишувачите во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје.