Светскиот производител на електрични автомобили, Tesla од Силиконската долина се сели во Тексас, објави нејзиниот извршен директор, Илон Маск. Тој предвидува дека седиштето на компанијата во Калифорнија би можело да го загуби своето влијание.
Маск рекол дека Калифорнија и “премногу влијаела на светот“, но нејзината моќ почнала да се намалува, пренесува ВВС.
Новата фабрика на Tesla, чија вредност се проценува на 500 милијарди долари, ќе се гради во Тексас. Компанијата SpaceX на Маск веќе работи во Тексас.
Оваа година Маск се закани дека Tesla ќе се пресели во Тексас, откако локалните власти го одбија неговото барање да ја отвори фабриката и покрај мерките воведени за спречување на пандемијата.
Фото: Freepik