Тесла ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата светска работна сила

23

Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) „Тесла“ ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерен меморандум на компанијата.

„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, рече извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, во меморандумот.

Тој истакна дека по анализата на трошоците, „Тесла“ донела тешка одлука да го намали бројот на своите работници во светот за повеќе од 10 проценти.