Податоците покажуваат дека Tesla Model Y бил најпродаваниот електричен автомобил во светот во 2022 година, пред Model 3, кој инаку беше најпродавано електрично возило во 2021 година, пишува Autoblog.
Моделот Y најде 747.500 клиенти ширум светот во 2022 година, што е зголемување за 91 отсто во споредба со претходната година.
44 отсто од сите Модел Y беа продадени во Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг и Тајван), додека продажбата во САД и Канада сочинуваше 34 отсто од вкупниот број продадени единици. Регистрациите во Европа достигнаа 19 отсто со зголемување на обемот од 416 отсто.
Tesla Model 3 го зазеде второто место на листата на најпродавани електрични автомобили во 2022 година, со 482.200 примероци. Од нив, 47 отсто се продадени во САД и Канада, 28 отсто во Кина (вклучувајќи ги Хонг Конг и Тајван) и 19 отсто во Европа.
За разлика од Model Y, продажбата на Model 3 падна за 3 проценти. Овие два модели сочинуваа 95 отсто од глобалниот обем на Tesla за 2022 година.
Третата позиција ја зазеде кинескиот Wuling Hongguang Mini EV, микроавтомобил со 443.400 продадени единици (+ 14,4 проценти). Дел од популарноста на овој автомобил е поврзана и со неговата цена, но и со фактот дека тој стана идеално решение за мобилност за многу купувачи во Кина.
Volkswagen ID.4 беше најпопуларниот европски електричен автомобил минатата година. Неговата продажба се зголеми за 53 проценти на 175.600 единици (47 проценти од продажбата во Кина-Хонг Конг-Тајван, 39 проценти во Европа и 13 проценти во САД и Канада).
Најпродаваните електрични автомобили од Јужна Кореја. На прво место е Hyundai Ioniq 5 со 100.000 примероци (раст на продажбата од 121 процент), по што следи Kia EV6 на второ место со 78.800 единици (+ 314 проценти) и Hyundai Kona EV на трето место со 56.700 примероци (минус 10 проценти).
Фото: Facebook