Tesla Motors сака да воведе камери наместо класичните надворешни ретровизори

80

tesla-modelsКомпанијата Tesla Motors побара дозвола од американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот надворешните ретровизори на своите автомобили да ги замени со камери.

Во барањето се наведува дека камерите кои би се инсталирале наместо класичните ретровизори се полесни и поаероднамични, што доведува до поголема аеродинамична ефикасност на возилата. Тоа кај автомобилите со конвенционални мотори ќе придонесе за намалување на потрошувачката на гориво, а кај електричните модели на Tesla до помала потрошувачка на струја. Предноста на камерите е и во тоа што можат да се инсталираат и на други места, не само на местата каде што стојат денешните ретровизори и дека на овој начин може да се реши проблемот со мртвиот агол.