Tesla наскоро во Словачка, Хрватска и Србија

33

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск најави дека компанијата на почетокот на следната година се шири во Словачка, Хрватска, Србија и поголем број земји од источна Европа, пишува International Business Times.

“Конечно ќе го направиме Никола Тесла горд бидејќи неговите автомобили ќе бидат во државите од каде што потекнува“, напиша Маск на Twitter.

Тој смета дека отворање на продажни салони во овој регион ќе биде вистински омаж за српско – американскиот пронаоѓач, инженер и футурист.

Фото: Pixabay