Tesla почнува масовно производство на најбрзиот автомобил во светот

68

Производителот на електрични автомобили Tеsla го почнува производството на Model S Plaid на трети јуни.

Како што објави шефот на компанијата, Илон Маск, на својот Тwitter  профил, ова ќе биде најбрзиот автомобил во масовно производство во светот.

Model S Plaid ќе се произведува во фабриката во Калифорнија, САД. Електромобилот, според наводите, постигнува брзина од 97 км/чac за помалку од две секунди.

Електричниот седан е ажурирана верзија на Model S. Во првото тримесечје од оваа година не беше произведен ниту еден автомобил од овој модел, а во третото од 2020 година компанијата произведе 15.275 возила.