Tesla потпиша договор за снабдување со литиум со австралиска компанија

50

Австралиски Piedmont објави дека со американската компанија Tesla потпиша петгодишен договор за снабдување со литиум.

Според Ројтерс, првичниот петгодишен договор имплицира дека Piedmont ќе ja снабдува Теsla со третина од планираните 160.000 тони руда годишно.

Компаниите имаат можност да го продолжат договорот за уште пет години.
Акциите на австралиската рударска компанија ја достигнаа својата најголема вредност од мај 2007 година.

Договорот беше потпишан веднаш по “Денот на батеријата“ на Теsla, на кој директорот Илон Маск ја претстави својата визија за нови батерии, по што компанијата изгуби 30 милијарди евра во пазарната вредност.

Фото: Facebook