Тesla повлече 123.000 примероци од моделот S

42

ui_social_share_ms

Фото: Tesla

Тesla доброволно одлучи да повлече 123.000 примероци од моделот S за да поправи дел од серво воланот којшто може да коризира поради солта што се користи за безбедност на патиштата во зимски услови пишува afp.com.

Од компанијата информираат дека одлуката за замената на делот не е резултат на случена несреќа или повреда. Напротив, сакале само да ги зголемат перформансите на возилото. Повлечени се сите модели купени пред април 2016 година.

Со сегашнава конфигурација, автомобилот потешко вози со мали брзини, а кај послабите возачи претставува проблем при паралелно паркирање.

Сепак, нема директно влијание на контролата на воланот при голема брзина, бидејќи потребно е малку сила за негово завртување.

Во моментот кога компанијата одлучи да ги повлече примероците, акциите и паднале за 2,5%.