Tesla привремено го запира производството во Калифорнија

47

Компанијата Tesla ги информираше своите работници дека привремено запира дел од производството во фабриката за монтажа на автомобили во Калифорнија, пренесува Bloomberg.

На работниците на производната линија на Model 3 во Фримонт им било кажано дека нивната линија нема да работи од 22-ри февруари до седми март.

Сè уште не се познати причините поради коишто се донесува ваква одлука во Tesla. Исто така, не е познато колку Tesla ќе изгуби поради запирање на работата во Фримонт, којшто има годишен капацитет од 500.000 Model 3 и Model Y заедно.

Tesla минатиот месец објави дека се соочува со привремен проблем поради недостигот на чипови.

Неколку производителите на автомобили, како што се General Motors, Volkswagen и Ford, исто така го имаат овој проблем, па се принудени да го намалат производството.

Фото: Pexels