Тесла продава повеќе електрични возила во САД отколку сите други заедно

15

Американците купиле рекордни 1,2 милиони електрични автомобили во 2023 година. Ова е за 46,3% повеќе од пред една година.

Според податоците кои ги објави Cox Automotive, дури 55,1% од вкупниот број продадени возила се автомобили на Tesla, што значи дека Tesla се продава подобро во Америка од сите други марки кога се во прашање електричните возила, пишува CNN.

Втор на листата е Ford со удел од 6,1%, а трет е уште една традиционална американска марка Шевролет со удел од 5,2%.

Интересно е што четвртата позиција по продажба на ЕВ ја зазеде корејскиот Hyundai, додека петтиот нетрадиционален производител на автомобили Rivian со 4,2%.

Само на шестата позиција е европски автомобилски бренд, BMW со удел во продажбата на ЕВ од 3,8%.

Следуваат Mercedes (3,4%), Volkswagen (3,2%), Kia (2,5%) и Audi (2,1%), што ја заокружува листата на топ 10 најпродавани марки кога станува збор за електричните автомобили.

Toyota, која е неприкосновен шампион во продажбата на хибриди, има удел од само 0,8% кога станува збор за електричните возила.