Тесла се одлучи на неочекуван потег: Маск порано велеше дека го „мрази“ тоа

83

Компанијата Тесла е позната по тоа што не сака рекламирање, што значи дека навистина не се рекламира традиционално откако беше лансирана во раните 2000-ти.

Наместо тоа, компанијата на Илон Маск се потпираше на „ од уста на уста“ за да ги промовира своите возила. Сега, сепак, работите би можеле да се променат за производителот на е-автомобили.

За време на последниот состанок на акционерите на компанијата, шефот на Teсла одговори на прашање од публиката во врска со рекламирањето: „Ќе се обидеме малку да се рекламираме и да видиме како ќе биде“, пишува engadget.com.

Очигледно, извршниот директор на Teсла се предомислил за рекламирањето откако го купил Tвитер, кој најголемиот дел од парите ги заработува од реклами.

– Навистина е иронично што Твитер е толку зависен од рекламирање. Еве јас, никогаш порано не сум користел рекламирање, а сега имам компанија која е многу зависна од рекламирање. Така, претпоставувам дека треба да кажам дека рекламирањето е одлично и секој треба да го прави тоа – истакна Илон Маск.

Затоа, тоа ќе биде целосен пресврт од претходната позиција на директорот, кој дури и пред неколку години рече дека „тој мрази рекламирање и дека Тесла ги користи парите – што другите производители на автомобили ги трошат на рекламирање и поддршка – за да направи одличен производ“.

Инаку, во својот одговор за време на состанокот на акционерите, Маск рече дека возилата на Tесла имаат функционалности и карактеристики за кои повеќето луѓе не знаат, а кои компанијата ги објавува на својот Твитер профил.

Фото: facebook