Тесла се откажа од субвенција од 1,14 милијарди евра

151

Компанијата Тесла го повлече барањето за државна помош за изградба на фабрика за батерии во околината на Берлин.

Европската унија во јануари одобри план за обезбедување државна помош за поддршка на производството на батерии за електрични автомобили и намалување на увозот од Кина, која е лидер на пазарот, пишува CNBC.

Тесла требаше да добие 1,14 милијарди евра за фабриката во Гринхајд, за што конечната одлука најверојатно ќе биде донесена до крајот на годината.

„Тесла ги извести федералното министерство за економија и министерството за економија на Бранденбург… дека го повлекува барањето за државна помош за фабриката за батерии во Гринхајде“, изјави портпаролот на оваа компанија за европските субвенции кои се доделуваат за т.н. „важни проекти на заеднички европски интерес“.

Додаде дека оваа одлука нема да влијае на плановите за изградба на фабриката.

За ова прашање коментираше и извршниот директор на Тесла, Илон Маск.

„Мислењето на Тесла отсекогаш било дека треба да се укинат сите субвенции, рече тој во твит, одговарајќи на прашање на друг корисник на оваа мрежа, откако Тесла објави дека ја повлекла апликацијата.

„Но, тоа мора да ги вклучи и огромните субвенции за нафта и гас. Поради некоја причина, владите не сакаат да го направат тоа…, додаде Маск.

Инаку, според проценките на германското Министерство за економија, Тесла инвестира пет милијарди евра во фабриката за батерии.