Тесла во Берлин дели откази

12

Бранот отпуштања во погоните на американскиот производител на електрични автомобили Тесла ќе ја зафати и единствената фабрика во Европа, во близина на Берлин.
Таканаречената Гигафабрика на Тесла во Гринхајд во вторникот објави дека ќе укине 400 работни места и ќе им понуди на вработените програма за доброволно отпуштање.

Тесла ќе преговара за деталите од програмата со работниот совет, објави компанијата. „Слабоста на пазарот на електрични автомобили е предизвик и за Тесла“, се обиде гигантот да го објасни потегот.

Дополнително, Tesla минатата недела објави дека нема да го продолжи договорот со 300 работници ангажирани преку специјализирана агенција – која, пак, изјави дека повеќето од нив веќе ги распоредила на нови работни места.

Во фабриката во близина на Берлин се вработени околу 12.000 луѓе.

Падот на пазарот ја принуди Тесла да укине приближно еден од десет работни места или околу 14.000 работни места на глобално ниво.