Производителот на електрични возила, Tesla објави дека во Кина ја отвори првата станица за полнење, којашто користи соларни панели и има сопствен простор за складирање.
Станицата за полнење електрични автомобили ќе произведува енергија од сончевите зраци.
Tesla во 2016 година влезе во секторот на соларен бизнис преку купување на компанијата SolarCity со седиште во Калифорнија за 2,6 милијарди долари, наведувајќи дека планира да развива сопствен бизнис во енергетика, пренесува Ројтерс.
Компанијата го произведува SolarRoof системот за производство на електрична енергија, што изгледаат како обични керамиди и системот Powerwall што може да складира енергија што ја генерираат соларните панели.
Фото: Pexels