Тesla во првата фабрика во Европа вложи околу 5,8 милијарди евра

59

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla вложи околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, пренесуваат германските медиуми.

Tesla не го објавил износот на инвестицијата, но портпаролката на министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде што се гради фабриката, ја потврди вредноста на инвестицијата.

Почетокот на производството во фабриката, што се наоѓа во близина на Берлин, се очекува во јуни, а годишното производство е околу пола милион возила.

Првиот човек на Tesla, Илон Маск планира во околината на германскиот главен град да почне и со масовно производство на батерии. Фабриката би требало да произведува нов вид на батерии што ќе имаат шест пати поголема сила, ќе зафаќаат помал простор и ќе трошат помалку енергија.

Фото: Pexels