Tesla во првиот квартал со пад на продажбата на автомобили

22

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла во првиот квартал од оваа година забележа пад на продажбата на автомобили од 8,5 отсто на годишно ниво.
Тоа е прв квартален пад за речиси четири години, што е знак дека се намалуваат ефектите од намалувањето на цените и дека компанијата сè повеќе се бори со растечката конкуренција, јавуваат странските новински агенции.

Автомобилскиот гигант продал 386.810 автомобили во првиот квартал од оваа година, што е за 8,5 отсто помалку од истиот период лани. Во однос на последниот квартал од минатата година, продажбата е намалена за 20,2 отсто.

Како што пренесуваат странските агенции, резултатите се одраз на слабата побарувачка на кинескиот пазар, каде компанијата се соочува со силна конкуренција од домашните производители на електрични автомобили.

Иако аналитичарите очекуваа тежок прв квартал бидејќи Tesla наводно го намали производството во Кина поради порастот на кинескиот производител на електрични возила BYD, резултатите беа големо изненадување.

„Очекувавме лоша прва четвртина, но ова е целосна катастрофа. Ова го гледаме како пресвртница во приказната за Тесла за Илон Маск да го сврти. Во спротивно, очигледно може да има помрачни денови“, вели аналитичарот Ден Ајвс за француската новинска агенција АФП.

BYD извести и за полошите резултати од продажбата на автомобили во првиот квартал од оваа година. Продала вкупно 300.114 возила, што е за 43 отсто помалку од последниот квартал од 2023 година, а во однос на истиот квартал лани, пак, забележа раст од 13,4 отсто.