Tesla вработува “специјалист“ кој ќе го брани Маск од лути клиенти

57

Еден чуден и необичен оглас за вработување доаѓа од американската компанија Tesla.

Познато е дека сопственикот Tesla, Илон Маск своето слободно време сака да го поминува на социјалните мрежи, пред сè на Twitter. Интересно е што Тesla сега ангажира лице за позицијата “специјалист за поддршка на клиенти“, што значи дека ова лице ќе треба да го “брани“ Маск на социјалните мрежи.

На кратко, ако лут клиент се јави и почне со напади преку Интернет, “специјалистот за поддршка на клиенти“ има задача да одговори на тие “повици“ и да го заштити својот шеф. Веста е особено изненадувачка затоа што Теsla во октомври одлучи да го отфрли целиот оддел за односи со јавност, поради напнатиот однос на Маск со медиумите.

Маск одлучи да се грижи за интеракцијата со медиумите главно само со своето присуство на Тwitter. Тука се наметнува прашањето: Дали Теsla сега жали за одлуката за распуштање на ПР тимот?