Tesla вреди повеќе од Toyota, Disney, Coca – Cola…

52

Акциите на Tesla забележаа скок од 4% поради што вредноста на компанија достигна уште еден максимум. Поради тоа, пазарната капитализација на производителот на електрични возила достигна 210 милијарди долари, пишува CNN.

Овој податок ја прави Tesla повредна од јапонскиот автомобилски бренд Toyota. Компанијата на Илон Маск, исто така, ја надмина и пазарната капитализација на: Coca – Cola, Disney, Cisco, Меrck и Exxon Mobil.

Tesla има поголема вредност и од PayPal, компанија зад чие основање, меѓу другите, стои и Маск.

Во овој момент само 19 компании, што се дел од берзанскиот индекс S&P 500, имаат поголема вредност од Tesla. Овој американски бренд сè уште не е доволно профитабилен за да може да стане дел од овој берзански индекс, но можеби е многу близу до таков чекор.

Фото: Pexels