Tesla за три месеци продаде 184.800 возила

33

Американскиот производител на електрични возила, Tesla објави дека во првиот квартал од оваа година, испорача вкупно 184.800 возила.

Аналитичарите претходно предвидуваа дека Tesla ќе испорача околу 168.000 возила во текот на овој период, па проценките се движеле меѓу 145.000 и 188.000 единици, пренесува CNBC.

Бројот на испорачани возила го надмина претходниот рекорд на Tesla од 180.570 возила, колку што имаше во последното тримесечје од 2020 година.

Сите произведени електрични возила во првите три месеци од оваа година беа Model 3 и теренските Model Y. Во овој период не е произведен ниту еден седан Model S ниту СУВ Model X, коишто се поскапи производи од неговата програма.

Сепак, од залихите се продадени 2.020 Model S и Model X, што е само 1% од вкупно продадените автомобили.

Tesla наведува дека со “новата опрема инсталирана и тестирана во првиот квартал сега е во рана фаза на зголемено производство за иновирање на верзиите S и X.

Фото: Pexels