Почетна Новости Теsla заработи една милијарда долари, првпат во еден квартал

Теsla заработи една милијарда долари, првпат во еден квартал

47

Производителот на електрични автомобили, Тesla заработи повеќе од една милијарда долари првпат во еден квартал.

Во вториот квартал од годината, компанијата испорача 201.304 автомобили и покрај недостигот на електронски чипови и проблеми со снабдувањето што го зафатија автомобилскиот сектор од почетокот на годината.

Нето добивката на компанијата се зголеми за десетпати во текот на изминатиот квартал на 1,14 милијарди долари. Во истиот период, приходите се зголемија за 98%, на вкупно 12 милијарди долари.

Фото: Pixabay