„Тест бибер и сол“ и други чудни техники што ги користат работодавците за да изберат работници

Познато е дека психологијата може да помогне во предвидувањето на однесувањето на кандидатите за одредена работа. Истражувањата покажаа дека однесувањето на работното место може да се предвиди врз основа на психолошки карактеристики како мотивација, работна етика, емоционална интелигенција и многу повеќе.

Меѓутоа, кога ќе смислат своја верзија за проценка на кандидатите, работодавците знаат да бидат многу имагинативни.

Секој пат кога луѓето одат на интервју за работа, тие се соочуваат со истите случајни прашања што работодавците ги користат за наводно да откријат нешто за личноста на барателот на работа. Некои луѓе поминуваат часови подготвувајќи ги своите резимеа или вежбајќи одговори на различните прашања што ги очекуваат, пишува LADBible. Но, никој не може да се подготви за ова…

Еден корисник на Редит сподели приказна за неговиот поранешен шеф и неговиот неконвенционален пристап кон интервјуата, наречен „тест за сол и бибер“. Тој објасни: „Компанијата во која работев имаше целодневни интервјуа со повеќе кандидати, а еден од сегментите секогаш беше ручек. Мојот поранешен шеф целата своја одлука за вработување ја темелеше на една работа – дали личноста ја вкуси храната пред да посегне по сол, бибер, лут сос и слично. Ако не сте ја пробале храната прво, не сте го добиле неговиот благослов“.

Тој објасни: „Секогаш ќе те носам на прошетка до една од нашите кујни на персоналот и некако секогаш завршуваш со пијалок во рака. Потоа се враќаме назад, го правиме интервјуто и една од работите што секогаш ја проверувам на крајот од интервјуто е дали лицето сака да ја врати празната чаша назад во кујната? Може да развиете вештини, да стекнете знаење и искуство, но на крајот сè се сведува на ставот“.

Значи, нешто што треба да запомните пред вашето следно интервју: не ставајте сол или бибер на храната пред да ја вкусите и секогаш носете чаша во кујната, пренесува Вечерњи лист.

Се разбира, имаме малку поинакви правила, но тоа е друга приказна