Тестенини со инсекти како извор на протеини

82

testenini so insekti

Фабрика во североисточниот дел на Франција привлекува многу купувачи благодарение на тестенините што ги произведува. Она по што се разликува од конкуренцијата е тоа што овие тестенини се богати со протеини благодарение на тајната состојка – инсектите.

Сопственичката на фабриката L’Atelier a pates, Стефани Ричард, ги прави тестенините здрави преку мешавина од инсекти, особено од штурци и скакулци.

testenini so insekti 1

“Инсектите се протеините на иднината. Овие протеини се со висок квалитет и лесно сварливи за организмот“, вели Ричард.

Таа дошла на ваква идеја од потребата на спортистите за големи количини на протеини, а инсектите се вистински извор за тоа. Заедно со нејзиниот вработен, Ален Лимон, започнале да прават различни тестенини во коишто има инсекти.

testenini so insekti 2

Штурците или скакулците се преработени во форма на прашок, којшто се додава во смесата заедно со јајца и органско брашно, за да се добијат здрави тестенини. Цената на овие тестенини се движи од 4,50 до 6,70 евра.

Експертите сметаат дека постојат големи придобивки за здравјето доколку инсектите се вклучат во секојдневната исхрана бидејќи можат да бидат похранливи од пилешкото или телешкото месо. Инсектите, освен што се богати со протеини, тие се и извор на магнезиум и железо.