Тетекс ја менува распределбата на добивката

24

Одборот на директори на Тетекс од Тетово ја измени предлог одлуката за распределба на добивката, што ќе треба да се најде пред Собранието на акционери закажано за седми април оваа година.

“Се одобрува остварената добивка по оданочување на Тетекс Тетово за 2019 година од 33.992.374 денари да се распореди за следните намени: износ којшто се внесува во законските резерви – 1.699.619 денари, износ којшто се исплатува по договор за уредување на односите меѓу друштвото и генералниот директор – 1.614.638 денари, износ којшто се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции – 15.186.408 денари и износ на нераспределена добивка – 15.491.709 денари“, стои во предлог одлуката.

Фото: Pixabay