Тетекс оствари нето добивка од над 18 милиони денари во првите шест месеци

48

teteks

Компанијата Тетекс АД од Тетово во првото полугодие од оваа година оствари нето добивка по оданочување во висина од 18.040.000 денари, покажува полугодишниот неревидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата евидентираше нето добивка по оданочување од 75.290.000 денари. Вкупните приходи од прдажба изнесуваат 102.847.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 51.069.000 денари, додека остатокот од 51.778.000 денари отпаѓаат на продажба на странски пазари.

Во образложението за остварените резултати на компанијата се наведува дека кај приходите од продажба е забележано намалување од 18% во однос на истиот период лани. Вкупните оперативни приходи се намалени за 34% во споредба со истиот период лани, додека кај оперативните расходи е забележано намалување од 8%.