TetraBIN – канта за отпадоци со видео игра

260

kanta-za-otpadoci-ilustracija-piyabay

TetraBIN е футуристичка канта за отпадоци со закривен екран на којшто има видео игра, пишува Digital Trends.

Станува збор за проект на еколошкиот старт – ап Sencity, со цел да се намали загаденоста во големите градови. Во моментот кога корисникот ќе фрли нешто во кантата, на екранот тој отпадок се претвора во пилешки копан, којшто треба да го изеде гладното куче. Доколку корисникот успее да го нахрани кучето, на екранот од кантата ќе се појави код што може да се внесе на интернет страницата на Sencity со можност да се освои награда.

Кантата е поврзана со интернет, по што комуналните служби добиваат информации кога е полна за да дојдат и да ја испразнат.

Освен видео игра, на екранот од кантата може да се прикажуваат и реклами или други информации.