Тевдовски: Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување

12

Даночната реформа за мнозинството граѓани ќе значи даночно олеснување, односно дека од годинава ќе плаќаат помалку даноци од лани. Ова во интервју за МТВ го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој посочи дека со реформата за најголем дел од населението стапката на персоналниот данок ќе остане 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи ослободувањето е зголемено од 7.500 на 8.000 денари.

“Нашето решение воведува даночно олеснување што значи дека за најголем дел од населението ќе остане да плаќа по единствена стапка од 10%, а даночното ослободување дури ќе им овозможи да платат помалку, бидејќи се зголеми ослободувањето од 7.500 на 8.000 денари, или едноставно да кажам дека нема оптоварување на работниците на вработените кои работат во фирмите, туку дополнително даночно оптоварување има само на еден процент за лицата со највисок доход“, вели Тевдовски.

Министерот за финансии посочува со реформата се прави и разлика помеѓу доход од труд и доход од капитал како што се дивиденди на пример.

“Просечната плата во Македонија е 24.000 денари. Дури и во секторот кој има највисоки плати, а тоа е ИТ секторот, платата е околу 1.000 евра, тоа значи дека за мнозинството вработени, вклучително и ИТ секторот тие ќе оданочувани кај персоналниот само по единствената стапка од 10%, а додека даночното ослободување го намалува даночното оптоварување, особено кај најниските плати“, вели Тевдовски.

Очекувањата на министерот за финансии за 2019 година се дека растот на економијата ќе биде посилен од претходната, како и дека ќе продолжи растот на платите. Тој очекува дека паралелно со тоа ќе имаме бенефити и од приближувањето до НАТО, бидејќи праксата на регионот на земјите покажала дека по членството, многукратно се зголемуваат странските директни инвестиции. Како пример Тевдовски ја наведе Бугарија, каде странските директни инвестиции се зголемени за три пати како процент од БДП пет години по членството во НАТО.

Тевдовски истакна дека годината која измина на Владата бил растот на платите и намалување на стапката на невработеност. Во полето највните финансии Министерството за финансии работело напорно на 10 системски реформи, кои значајно го подобруваат системот на јавните финансии.