
Компанијата Трготекстил малопродажба оствари вкупна сеопфатна загуба од 871.000 денари, стои во деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, загубата на компанијата достигна 3.970.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та изнесуваат 5.629.000 денари, една година претходно беа на ниво од 9.168.000 денари.
Приоритетна дејност на компанијата е издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп.