The Big Bang Theory со најскап ТВ рекламен простор во САД

99

bigbang

Најскапата полуминутна реклама во САД оваа есен е онаа што се прикажува во текот на емитувањето на седмата сезона на серијата Бубалици (The Big Bang Theory) на телевизијата CBS. За 30 секунди рекламен простор, треба да се плати 326.260 долари. Оваа серија има неверојатна гледаност од 19,2 милиони гледачи по епизода.

На второ место е рекламата во шоуто The Voice на NBC, каде 30 секунди чинат 264.575 долари. На трето место е ABC серијата Modern Family (257.435 долари), а потоа следуваат три серии на Fox: The Simpsons (256.963 долари), New Girl (231.570 долари) и Family Guy (223.145 долари).