The Economist: Франција е темпирана бомба во срцето на Европа

22

Реномираниот британски неделник The Economist во најновиот број оценува дека Франција е темпирана бомба во срцето на Европа и би можела да стане најголема опасност за заедничката европска валута, а кризата би можела да удри веќе следната година.

The Economist е особено критичен кон францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Жан – Марк Еро, двајцата социјалисти, обвинувајќи ги за одложување на клучните реформи, оценувајќи ги како недоволно храбри лидери да наметнат реформи и покрај општиот отпор.

Неделникот признава дека новата француска влада разбира колку е сериозна економската ситуација во Европа и ја сфаќа потребата од реформи, но стравува дека неодамнешните промени се задоцнети и недоволни.

Во листа на француските проблеми, The Economist ги вбројува економската стагнација, високата невработеност, огромниот трговски дефицит и масовниот јавен сектор.