The Lacy Nook – ресторан на две Македонки кои живеат во Лондон

36

the lacy nook

Јана и Елена, девојки со македонско потекло кои живеат и работат во Лондон, наскоро ќе го отворат ресторанот The Lacy Nook.

“Нашето место ќе биде локален бар и креативен простор каде луѓето ќе можат да се дружат во пријатна атмосфера, уживајќи во вкусното мени во текот на денот“, пишуваат Јана и Елена на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, каде е започната кампања за поддршка на нивниот ресторан.

Храната што ќе ја нудат за своите гости, како што велат, ќе биде модерна и адаптирана на нивните барања и потреби. Еден ден во неделата ќе нудат бесплатна дегустација на мезиња доколку некој купи пијалак.

Тие бараат поддршка од 20.000 британски фунти (околу 12.700 евра) за да може ресторанот да почне со работа ова лето.