Threads со 100 милиони корисници за пет дена

30

Threads, лансирана од Мета во 100 земји минатата недела, стана најбрзо растечката апликација откако достигна 100 милиони корисници за само пет дена. Така го престигна четботот ChatGPT, на кој му беа потребни два месеци за да достигне 100 милиони корисници.
Апликацијата Threads, која американскиот веб-гигант Мета ја користи за да се натпреварува со социјалната мрежа Твитер, сè уште не е достапна за корисниците во ЕУ. Во Мета како причина за доцнењето на лансирањето во ЕУ наведуваат нејаснотии поврзани со европското законодавство за размена на податоци.

Апликацијата е достапна за корисниците во 100 земји од средата навечер, а веб-страниците веќе поставуваат нов рекорд. Според порталот Quiver Quantitative, денеска во 9 часот по средноевропско време надмина 100 милиони корисници.