Ticket Com – рекламирање на фискални сметки

49

ticket com

Ticket Com е иновативна француска франшиза преку којашто компаниите од локалниот пазар се рекламираат во вид на купони или други поволности на задната страна на фискалните сметки во супермаркетите, рестораните за брза храна, бензинските пумпи и слично. Купувачите потоа ги користат тие купони за купување со попуст во продавниците на компанијата што се рекламира, пишува Franchising.hr.

Ticket com им овозможува на супермаркетите и продавниците да заштедат пари при набавка на лента за издавање фискални сметки, бидејќи ги добиваат бесплатно. Супермаркетите ќе имаат корист од привлечниот изглед на фискалните сметки, на чија задна страна ќе се рекламираат одредени производи или услуги.

Ticket com во 1998 година ја формираа Пјер Ренард и Фредерик Божур и успешно функционира повеќе од 16 години. Франшизата разви голема партнерска мрежа во Франција, Шпанија, Швајцарија, Италија, Белгија, Грција, Русија, а од мај оваа година и во Хрватска.

На компаниите коишто се заинтересирани за купување на оваа фрнашиза потребни им се од 8.000 до 15.000 евра.